Мегафон прв гитарски натпревар

Пријавете се, рокот е 31-ви октомври: „Shred the Stage 2026“ го бара најдобриот гитарист

Пријавете се, рокот е 31-ви октомври: „Shred the Stage 2026“ го бара најдобриот гитарист

Гитаристите кои сакаат да ги покажат своите техники, вештини и уникатен стил на свирење добиваат нов предизвик – „Shred the Stage 2026“, првиот натпревар од ваков вид во организација на „ДоРеМи“, JET Guitars и Spira Guitars.

Натпреварот е наменет за сите гитаристи кои преку својата изведба сакаат да ја покажат љубовта кон инструментот, креативноста и личниот музички израз.

За учество потребно е кандидатите да го пополнат формуларот за пријавување и да достават видео од својата изведба во траење од максимум три минути. Изведбата може да биде оригинално соло, импровизација или авторска композиција, а видеото треба да биде доставено како линк преку YouTube, Google Drive, WeTransfer или SwissTransfer.

Крајниот рок за пријавување е 31 октомври 2026 година, додека финалистите ќе бидат објавени на 15 ноември.

Финалистите ќе имаат можност да настапат во живо на завршниот предизвик, кој е закажан за 16 декември 2026 година. Локацијата на настанот дополнително ќе биде објавена.

Во финалето, учесниците ќе изберат една композиција од понудениот избор подготвен од организаторите и жирито, а преку својата изведба ќе треба да ги покажат техничките способности, креативноста и личниот стил.

За најдобрите следуваат и вредни награди:

– Прво место – гитара Spira S-420
– Второ место – гитарско појачало Line 6 Catalyst CX60
– Трето место – процесор NUX MG-400

„Shred the Stage 2026“ е можност за гитаристите да излезат од својата комфорна зона, да го покажат талентот и да застанат на сцена пред публика и жири.

Пријавувањето е во тек, а сите заинтересирани гитаристи можат да ја достават својата пријава до 31 октомври.

Формуларот за пријавување и сите дополнителни информации заинтересираните учесници можат да ги најдат на официјалната Фејсбук страница на „До Ре Ми“.

To top