Општина Кисела Вода и Општинскиот совет за превенција од детско престапништво организираат трибина посветена на менталното здравје и превенцијата од меѓуврсничко насилство.
Настанот ќе се одржи вечер(четврток), со почеток во 18:00 часот во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, под мотото „Слушни, препознај, поддржи“.
На трибината се поканети родители, деца, наставници и стручни вработени во училиштата, со цел преку отворен разговор да се придонесе кон навремено препознавање на проблемите, обезбедување поддршка и создавање побезбедна средина за децата.
На трибината ќе зборуваат Дора Попова Узуновски, психолог, психотерапевт, кариерен советник и асистент на МИТ универзитетот, Мито Тасевски, психолог и психотерапевт кој работи како училишен психолог во ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“, Сашо Андонов, советник во Советот на општина Кисела Вода и наставник во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, како и Катерина Стојкова, главен инспектор за превенција по ЈРМ во Одделението за превенција при СВР Скопје.
Фото: Општина Кисела Вода







