Штрковите би требало оддамна да се одлетани на југ, но за кого како, зашто првите денови од есента некому му ја донесоа наголемата радост. Меѓу сите обични луѓе и на некои од познатите личности од јавниот и естрадниот живот.
Овој пат две нови „пиленца“ се родија во семејното гнездо на познатиот македонски рок и блуз гитарист Давид Нешкоски, член на прилепската блуз група „Crossroad blues band“ и сопственик на музичкото училиште Матрикс. Тој и неговата сопруга Ангела имаат причина за двојна радост, откако таа на свет донесе близначки. Две девојчиња, две малечки убавици со што Давид и Ангела за прв пат се остварија како родители.

Пресреќниот татко не можеше да ги сокрие возбудата и радоста, па обзнанувајќи ја радосната вест на социјалните мрежи покрај фотографијата од ноџињата на двете бебенца без да ги обзнани нивните имиња, напишал:
„Денес ни се родија две прекрасни ќерки.
Не знаеме дали сме поспани, пресреќни или едноставно уште не ни се верува дека од денес сме родители на две мали девојчиња.
Добредојдовте на свет, наши мали принцези. Ќе ве чуваме, ќе ве сакаме и ќе ви бидеме најголема поддршка во сè што ќе посакате. Ангела Д. Нешкоски … огромно благодарам.
и си најсилната жена што ја знам и денес ни го подари најголемото нешто што можевме да го посакаме“.
View this post on Instagram
Инаку Давид Нешкоски, прилепски гитарист, музичар, композитор и музички педагог, кој со години е едно од препознатливите имиња на македонската блуз и рок сцена. Потекнува од музичко семејство и расте во средина во која музиката не била само хоби, туку дел од секојдневието. Приказната на Давид и „Crossroad blues band“ не е само професионална, туку и семејна. Неговиот татко Бранко е еден од основачите на бендот, а Давид како млад гитарист буквално расте на сцената заедно со музичарите од групата.

Иако „Crossroad Blues Band“ е еден од столбовите на неговата кариера, Давид релативно рано започнува да гради и сопствена музичка приказна. Во 2010-тите е основач, фронтмен, гитарист, композитор и текстописец на својот бенд, со кој го објавува албумот „Magical Dreamland“ во мај 2013 година.
Во поновиот период Нешкоски ја проширува својата активност и преку New Blue Trio, моќно гитарско трио составено од Давид Нешкоски, басистот Ѓоле Максимовски и тапанарот Дино Милосављевиќ.

Нешкоски има издадено три соло албуми, а паралелно продолжува да снима и работи со своите бендови. Неговиот музички јазик се движи низ блуз, рок и фанк, со посебен акцент на гитарскиот звук и импровизацијата.
Сега покрај гитарското умеење и музиката неговиот живот добива уште еден, дополнителна смисол. Улогата на родител во кој нема импровизација. Нека е со среќа!
Фото: Инстаграм/davidneskoski





