Радио Милева лавина реакции

Џокер на Антониа реши да се проба во „IDJ Show“, ама коментарите на жирито дека не го бива беа и повеќе од брутални (видео)

Џокер на Антониа реши да се проба во „IDJ Show“, ама коментарите на жирито дека не го бива беа и повеќе од брутални (видео)

Познатиот македонски музичар и сопруг на пејачката Антониа Гиговска, Роберт Спасенцовски алијас Џокер посака да биде во јавниот фокус и да го покаже својот талент преку учество во регионален музички натпревар.

За разлика од повеќето кои ги избираат „Ѕвездите на Гранд“, Џокер реши да си ја проба среќата во шоуто каде се натпреваруваше и неговата пријателка Барбара Поповиќ, „IDJ Show“.

Арно ама, за разлика од неа, нему не му тргна уште од старт!

Неговото претставуваве со авторската песна „Не могу“, пеејќи и свирејќи ја мелодиската линија на пијано, Роберт наиде на незадоволство од страна на стручното жири.

Неговото музицирање на сцената резултираше со остри коментари и прилично негативни критики кои брзо станаа главна тема на социјалните мрежи.

Иако Џокер важи за познат артист со сопствен стил на македонската естрада, членовите на жирито во регионалното шоу во состав од Наташа Беквалац, Реља Поповиќ и Сека Алексиќ, не покажаа разбирање за неговиот концепт и изведба.

Во коментарите кои беа упатени директно до него, јасно се потенцираа забелешки за неговата вокална прецизност, но и за целокупниот пристап кон самата сцена и шоуто.

Реља му кажа дека пеењето не е добро, Наташа дека исто е и со свирењето, за Поповиќ  се дополни дека и текстот на песнат не бил добар.

Видеата кои се појавија на официјалните профили на шоуто веднаш предизвикаа лавина од поделени реакции кај публиката. Додека дел од неговите фанови во Македонија сметаат дека критиките биле премногу строги, добар дел од беа и тоа како брутални со коментарите за тоа дека Роберт не го бива.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IDJ Pepsi Show (@idjshow)

Иако Џокер досега најчесто се водел по тоа дека “секоја реклама е добра реклама“, па сите лоши критики кои во пракса често ги добива за се’ и сешто, знае да си ги објави самиот, овој пат тоа не беше случај.

Знак на поддршка преку објава или коментар, немаше ниту кај неговата сопруга Антониа, за која добропознато е дека популарноста ја стекна токму преку ваков формат, односно во „Пинк ѕвездички“.

фото: Instagram printscreen/idjshow and sitel.tv/Gemini

To top