Радио Милева голема животна промена

Анџелина Џоли ја продава вилата и гo напушта САД: „За мене тоа е крај на една ера“

Анџелина Џоли ја продава вилата и гo напушта САД: „За мене тоа е крај на една ера“

Анџелина Џоли се подготвува за голема животна промена. Откако сите нејзини деца станаа полнолетни, 51-годишната актерка планира да го напушти Лос Анџелес и дел од времето да го поминува на различни локации низ светот. За своите планови зборуваше во новото интервју за „L’Officiel“.

Џоли е родена во Лос Анџелес, каде што ги одгледуваше и своите шест деца – Медокс (24), Пакс (22), Захара (21), Шајло (20) и близнаците Нокс и Вивиен (18).

Претходно таа зборуваше дека поради семејната ситуација по разводот од Бред Пит не можела да го напушти Лос Анџелес сè додека нивните најмлади деца не станат полнолетни. Сега, откако Нокс и Вивиен наполнија 18 години, таа повеќе ја нема таа пречка.

Еден од најочигледните знаци дека се подготвува за заминување се појави во мај, кога го стави на продажба својот имот во Лос Фелиз, Лос Анџелес, за 29,85 милиони долари.

„За мене тоа е крај на една ера“, изјави Џоли за промените што следуваат.

Заминувањето од Лос Анџелес, сепак, не значи дека актерката веќе има нова постојана адреса. Напротив – Џоли вели дека ја привлекува идејата за живот помеѓу повеќе земји.

„Би сакала да имам дом за моето семејство, место каде што ќе стојат семејните фотографии и спомени. А потоа би сакала некое време да бидам номад“, објасни таа.

Важна улога во нејзините планови ќе има Камбоџа, земја со која е поврзана повеќе од две децении. Таму има куќа, а најави и дека повторно повеќе ќе се посвети на теренската работа и на својата фондација.

„Мојот дом во Камбоџа, исто така, неколку месеци годишно ќе служи како резиденција посветена на кмерската култура“, изјави таа.

Актерката планира повеќе време да посвети и на својот моден проект „Atelier Jolie“, кој сака да го прошири надвор од САД. По првата локација во Њујорк, една од следните би можела да биде во Бразил.

„Отсекогаш се надевавме дека „Atelier“ ќе стане глобален бренд. Бразил би можел да биде првата локација што ќе ја отвориме надвор од САД“, изјави таа.

Како што објаснува, идејата ѝ е да патува низ различни делови на светот и да соработува со локални уметници и креативци.

За Џоли, така, заминувањето од Лос Анџелес нема да значи преселба од еден град во друг, туку почеток на значително поинаков начин на живот – со повеќе патувања, престој во Камбоџа, хуманитарна работа и развој на сопствениот бренд во различни делови од светот.

foto: printscreen/instagram/angelinajolieofflicial

To top