Актерката Сидни Свини ја коментираше својата нова реклама за платформата за спортско обложување и предвидувања „Novig“, во која се појавува, гола, без облека, додека интимните делови од телото ги покрива со спортска опрема. Рекламата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а Свини сега објасни зошто одлучила да учествува во кампањата и што ја привлекло во соработката со „Novig“.

Во рекламата ѕвездата на серијата „Euphoria“ се појавува без облека, додека интимните делови од телото ги покрива со спортска опрема. „Мислиш дека разбираш спорт? Докажи“, вели таа во камерата.

Потоа покажува спортски реквизити и објаснува со што може да се тргува на платформата, а во еден момент на шега порачува: „Со ова не можеш, овде само добро изгледам.“
View this post on Instagram
Свини објасни дека зад кампањата стои „многу едноставна и разиграна идеја“, со која сакале да го доловат слоганот „Just Sports“, односно да нагласат дека „Novig“ е насочен исклучиво кон спортот.
Во разговор за „Complex“, Свини истакна дека нејзината поврзаност со спортот трае уште од детството.
„Растев со спортот. Целото детство се занимавав со спорт. Играв фудбал и софтбол и бев дел од скијачки тим. Како мала научив да скијам слалом, а тренирав и ММА. Спортот отсекогаш бил важен дел од мојот живот“, изјави таа.
foto: printsreen/instagram/sydney_sweeney






