Радио Милева шокантно

Накова со новата објава прати јасна порака дека природата за едни е мајка, а за други маќеа (фото)

Накова со новата објава прати јасна порака дека природата за едни е мајка, а за други маќеа (фото)

Гевгелиската убавица и тртендсетерка, Александра Накова се породи пред дест дена, а откако на свет го донесе своето второ чедо, синчето Александар, тазе породената мама не престанува да биде активна на социјалните мрежи.

Бременоста ја држеше во строга тајност, сега бебенцето не го покажува пред очите на јавноста, за таткото не открива воопшто (неофицијално бугарскиот фудбалер Ѓорѓи Јомов), но затоа пак кога е себепромоцијата, собено за тоа како изгледа во постпартум периодот и тоа како е транспарентна.

Откако на само неколку дена по породувањето откри фотографија за која беше непознато дали е нова, стара, или можеби дело на вештачката интелигенција…

Сега, за да ги тргне прашалниците, Накова прати јасна порака дека изгледа бомбастично на само 10 дена по породувањето, особено нагласувајќи дека е „10 дена постпартум“.

Стегната во кус топ и хеланки/ трициклисти со еден одраз во огледало и без да потенцира, покажа дека природата за едни е мајка, а за други маќеа.

Па така, ако повеќето жени мака мачат со изгледот по породувањето, кај Накова тоа не е случај, па и на неполни две недели од породувањето.

Природата, гените, ама и стилот на живот, резултира токму со ваков шокантен резулат!

фото:Instagram printscreen/naleksandraofficial

To top