Промотер

Броз и Марама ќе ви објаснат како изгледа кога охриѓанец се заљуби во „една мала“ – Скопјанка (ВИДЕО) 

Броз и Марама ќе ви објаснат како изгледа кога охриѓанец се заљуби во „една мала“ – Скопјанка (ВИДЕО) 

Охридското музичко дуо Броз и Марама повторно има нешто ново за својата публика! Овојпат пристигнуваат со песната „Скопјанка“, а заедно со неа е објавен и официјален видео-спот кој носи токму онаа препознатлива летна атмосфера – љубов, Охрид, случајна средба и приказна која, сакале или не, мора да заврши со доаѓањето на есента.

Песната е објавена на 9 септември 2026 година, а зад неа стои искусен авторски тим. Текстот е на Огнен Неделковски, додека музиката и аранжманот ги потпишува маестро Јовица Каралиевски.

А приказната? Едноставна, но добро позната на сите оние кои барем еднаш почувствувале дека летото може да донесе љубов, но и дека таа љубов понекогаш останува само убав спомен.

Во „Скопјанка“ главниот лик е Охриѓанец кој во летните денови се среќава со – „една мала скопјанка“. Доволно е една средба за таа да му го „разоружа“ срцето, а кратката летна романса да стане приказна што тешко се заборава.

„Една мала скопјанка, срце ми разоружа“, се пее во рефренот, кој веднаш ја открива суштината на песната – девојка од Скопје доаѓа во Охрид, остава трага зад себе, а со неа заминува и дел од летото.

И не е случајно што токму Охрид е во центарот на оваа музичка приказна. Броз и Марама веќе имаат убаво фестивалско искуство од својот град. Во 2025 година дуото го освои првото место од жирито на „Охрид фест – Охридски трубадури“ со песната „Сокаци тесни“, потврдувајќи дека охридската музичка сцена има уште што да понуди.

А Броз и Марама очигледно не планираат да застанат тука.

Во февруари годинава, заедно со Емилија Маринова, ја објавија песната „Жена убава“, посветена на нивниот пријател и соработник Кристијан Љушев. Следуваа и „Галеб охридски“ и „Пеј Охриде“.

Со „Скопјанка“, пак, приказната малку ги напушта само охридските сокаци и го носи духот и кон Скопје. Причината е јасна – токму девојката од престолнината е онаа која успева да стане главната инспирација на еден охриѓанец и да му го одбележи летото.

За визуелниот дел се погрижи Стефан Стојкоски  Videography, додека продукцијата е на K2 Production Studio. Во главните улоги во спотот се Благоја Трајкоски и Викторија Тодоровска, кои преку видеото ја оживуваат љубовната приказна испеана во стиховите.

Спојот на охридската атмосфера, препознатливата музичка енергија и приказната за една летна љубов која не успева да ја победи есента ја прави „Скопјанка“ песна во која лесно ќе се пронајдат не само охриѓани, туку граѓани  на кои некогаш им се случило летото да им донесе некого, а есента да им го однесе.

Погледнете го официјалниот видео-спот за „Скопјанка“ од Броз и Марама.

To top