Виктор Живојиновиќ повторно е заљубен и ужива во љубовта со својата девојка Александра, со која го поминува секој слободен момент.
Откако се вратија од крстарењето со неговата луксузна јахта, парот не се разделува ниту во Белград. Имено, Александра објавила фотографија со Виктор, направена за време на прошетка, а колку уживаат во љубовта покажуваат нивните насмеани лица.
Парот не ги симнувал насмевките, а пораката што ја објавила младата девојка воодушевила многумина.
– Мојот итен повик – напиша таа под фотографијата, која предизвика лавина реакции.

Да потсетиме, синот на Брена неодамна ги објави првите фотографии со атрактивната бринета од јахтата. Со овој гест тој официјално ја претстави својата девојка, а објавата набрзо стана вирална. Многумина се интересираат која е девојката што го освои срцето на Виктор, а извор открил неколку детали.

Александра и претходно била позната во естрадните кругови и се дружи со децата на познати пејачи и пејачки, меѓу кои ја познава и Анастасија Ражнатовиќ.
Како што открил извор за „Информер“, уште од почетокот се гледало колку Виктор ја симпатизира.
– Виктор цвета и навистина се гледа дека е до уши заљубен во Александра. Набргу откако започнаа врска, тој одлучи да ја запознае со целото семејство, кое исто така било воодушевено од новата снаа. Како што е редот, ја поканиле и на летување, па така Александра ужива со нив на семејната јахта – започнал доброупатениот извор.
Покрај тоа што се занимава со шминкање, Александра започнала и нов бизнис, со поддршка од Лепа Брена.
– Таа е многу амбициозна девојка, а нејзината примарна работа било шминкањето. Долго планирала, а сега создаде и сопствен бренд на костими за капење. Поддршка за овој чекор ѝ дала токму Лепа Брена. Бидејќи има своја линија чорапи, долго е на сцената и добро се разбира во мода, ѝ дала совети за бизнисот, па Александра одлучила да започне. Секако, Брена е тука за секој совет, па Александра ја искористила јахтата на семејството Живојиновиќ како добра позадина за рекламирање и фотографирање на костимите за капење – заклучил изворот.
foto: printscreen/instagram/_akaaa__/viktorernest






