Пејачката Наташа Беквалац (45) ги запали социјалните мрежи со ново видео во кое позира во исклучително привлечна облека. Новосадската Барбика се соблече во минијатурно црно бикини пред огледалото ја покажа својата брутална фигура, затегнат стомак и долги нозе.
Таа го комплетираше својот летен стајлинг со темни очила за сонце, додека уживаше во тропскиот амбиент на песочна плажа во позадина. Пејачката уште еднаш докажа дека годините за неа се само бројка и дека е вистинска бомба во својата петта деценија.
Воодушевените следбеници не престануваат да го споделуваат нејзиното видео, нагласувајќи дека Наташа моментално изгледа подобро од кога било.
Да потсетиме дека Наташа Беквалац плени со својата убавина уште од појавувањето, а долго време се шпекулираше за нејзината висина. Таа претходно ја откри својата висина на социјалната мрежа Инстаграм, изненадувајќи многумина.
„168 см“, напиша Наташа кога ја прашаа колку е висока.
Во текот на изминатите две години, пејачката ја усоврши својата фигура – иако признава дека генетиката игра голема улога во нејзиниот изглед, Ната признава дека дисциплинираниот став кон храната е одговорен за нејзиниот изглед по 40-тата година.




