Помирувањето на поранешните сопружници Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, како и неговото присуство на нејзиниот роденден и настапот во Белград, е главна тема во сите медиуми.
Душко сега се огласи во јавнос преку својот профил на Инстаграм, соопштение во кое го опиша својот однос со Јелена, но и потврди дека ставил крај на врската со Нора Миловановиќ. Соопштението го пренесуваме во целост:
– Сакам накратко да се огласам по повод моето доаѓање на роденденот и настапот на Јелена, бидејќи во јавноста се појавија различни шпекулации за нашиот однос. Дојдов од почит и како поддршка на личноста со која поминав голем дел од животот и со која ме поврзуваат заеднички спомени и нашите ќерки. Сметам дека е сосема природно да бидам покрај неа во важен момент, без оглед на сè што се случило и на тоа што повеќе не сме сопружници, и се надевам дека така и ќе остане и во иднина – започна Тошиќ, па продолжи:
– Кога станува збор за мојот емотивен живот, за кој во последно време се зборуваше во јавноста, веќе некое време не сме заедно. Се обидовме, не успеа и секој продолжи по својот пат. Причина за моето огласување се бројните повици и пораки што ги добив, но и потребата за ова да се зборува јасно и без простор за погрешни толкувања. Немам намера дополнително да го изложувам својот приватен живот во јавноста, но сметам дека е важно некои работи да се кажат директно – заклучи поранешниот фудбалер.

Да потсетиме, Јелена синоќа одржа спектакуларен настап во познат локал во Белград, кој беше исполнет до последното место.
Ова воедно беше и прво појавување на пејачката во јавноста откако се појавија нејзини фотографии од роденденот, на кој беше во друштво на поранешниот сопруг Душко Тошиќ.
Душко се појави и на настапот на Јелена во друштво на нивните ќерки Атина и Ника. Со овој потег уште еднаш беше потврдено дека нивниот однос по разводот е никогаш подобар, но и дека поранешниот фудбалер ставил крај на врската со Нора Миловановиќ.
foto: Facebook @jkdiva | Instagram @duskotosic







