Големиот пожар кој синоќа избувна во Локва Рогозница се прошири во текот на ноќта кон Омиш, а старлетата Ава Карабатиќ откри дека огнот ја зафатил и куќата на нејзиниот татко при што пламенот загрози бројни куќи и згради па дел од жителите и туристите се евакуирани.
Од теренот пристигнуваат снимки од голема материјална штета од изгорени автомобили и објекти како и информации за повредени лица. Рано утринава се огласи хрватската старлета Ава со ужасни вести каде напиша дека е во шок бидејќи се разбудила од сон и првата вест што ја дознала е дека пожарот ја зафатил куќата на нејзиниот татко во Омиш нагласувајќи дека тоа е единствениот недвижен имот на кој има право и за кој се суди за дел со оглед на тоа што со семејството на татко ѝ не е во добри односи.
View this post on Instagram
Таадодаде дека останала без ништо прашувајќи се кога ќе заврши овој ужас додека нејзините следбеници во коментарите ѝ пишуваа пораки за поддршка бидејќи таа е неутешна по тажната вест.

Потсетуваме дека Ава побегна од станот за кој тврди дека нејзиниот доскорешен партнер со денови ја држел заклучена по што полицајците по бегството прво ја однесоа во станицата во Раковица каде што во форма на службена белешка даде изјава и го пријави за насилство.
фото:Printscreen/ You tube






