Мегафон измена во правилата

Евровизија има нова, дефинитивна одлука

Евровизија има нова, дефинитивна одлука

Евровизија од идната година воведува нови правила што не налагаат загарантирано домаќинство доколку државата е вмешана во каков било конфликт. Во тој случај, Управниот одбор на фестивалот има право да избере друг домаќин.

„Доколку моменталната ситуација влијае врз фестивалот, државата нема да може да е домаќин и покрај победата“, се наведува во соопштението.

Новите правила се воведуваат откако годинава повеќето држави, меѓу кои Ирска и Шпанија не успеаја да го отстранат Израел од натпреварот.

Тие соопштија дека овој пат ќе го бојкотираат фестивалот доколку државата не биде отстранета од листата на учесници.

Инаку, Бургас ќе биде домаќин на 71-то издание на „Евровизија“. По завршниот круг од постапката за избор, приморскиот град ја доби трката со Софија и ќе го пречека најголемиот музичко-телевизиски настан во Европа во мај 2027 година.

фото/извор:МИА

To top