Поранешната учесничка во „Големиот брат“, Мирјана Мими Ѓуровиќ од Црна Гора, своевремено привлече големо внимание со своето учество во ова реално шоу во 2008 година.
Многумина ја споредуваа со куклата Барби, што не е чудно со оглед на тоа што важеше за една од најатрактивните учеснички. Таа всушност е и првата жена што победи во српско реално шоу, освојувајќи ја наградата од 100.000 евра.

Она поради кое Мими и понатаму се споменува е и фактот што за време на престојот таму не сакаше да има ништо со ниту еден маж, ниту пак ја интересираа љубовни врски, па често можеа да се прочитаат коментари дека ја „зачувала честа и тоа добро го наплатила, како што и треба“.
Инаку, таа во шоуто влезе како модна дизајнерка, а по победата се врати во Никшиќ и тврдеше дека животот целосно ѝ се променил.

Се обиде да се пронајде и како пејачка и како водителка, па некое време водеше емисија на телевизијата „ДМ сат“, а потоа и на „Пинк“, но не се пронајде во тие професии.
Мими малку подоцна стана мајка и доби син, а сега има свој козметички салон и на тој начин заработува за живот.
фото:Printscreen/You tube





