Радио Милева „Засекогаш П“

„Фалиш…“: Роденден без него, но со спомен што ќе живее, Панчо доби мурал пред својот дом во Аеродром

„Фалиш…“: Роденден без него, но со спомен што ќе живее, Панчо доби мурал пред својот дом во Аеродром

Наместо роденденска прослава, ден исполнет со емоции, музика и спомени. На 29 јули, денот кога Владимир Блажев – Панчо ќе го прославеше својот 47. роденден, неговите пријатели, соседи и почитувачи се собраа пред зградата во која живееше во скопската населба Аеродром, каде со откривање мурал со неговиот лик му оддадоа почит што ќе остане трајно сведоштво за љубовта и почитта што ја остави зад себе.

Местото каде што помина голем дел од својот живот за миг се претвори во простор исполнет со спомени, музика и емоции. Во маалска атмосфера, блиските луѓе се собраа да се потсетат на заедничките мигови, насмевките и музиката што засекогаш ќе останат поврзани со еден од најомилените македонски музичари.

Од продуцентско-издавачката куќа „Шур шотц“, чиј коосновач беше и Панчо, споделија фотографии од откривањето на муралот, изразувајќи надеж дека ова дружење ќе стане традиција што секоја година ќе го чува жив споменот на големит музичар и нивен другар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sure Shotz (@sureshotz_mk)

„Денес, на денот на роденденот на Панчо, за првпат се прикажа мурал со неговиот лик пред зградата во која живееше. Преку маалска дружба и музика, се потсетивме на него и убавите заеднички моменти. Фала им на дечките од Аеродром за иницијативата и изработката на муралот, и се надеваме дека оваа собиранка ќе ни прерасне во традиција“, напишаа тие, завршувајќи ја објавата со кратката, но силна порака: „Засекогаш П“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sure Shotz (@sureshotz_mk)

Во чест на неговиот роденден, неговите соработници од „Шур шотц“ објавија и фотографија од Панчо на Инстаграм, придружена со неколку зборови што кажуваат многу повеќе од долг говор:

„Среќен роденден, стари. Фалиш…“

To top