Радио Милева тажна вест

Замина уште една екс ЈУ поп-рок икона: Почина Александра Слаѓана Милошевиќ

Замина уште една екс ЈУ поп-рок икона: Почина Александра Слаѓана Милошевиќ

Авангардната уметница  и позната екс ЈУ пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ почина денеска на 69-годишна возраст, потврди за Фонет нејзината пријателка Билјана Петровиќ.Милошевиќ починала во Земунската болница по кратко боледување, а датумот и времето на погребот ќе бидат објавени подоцна.

Александра Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 година и важеше за икона на новиот бран од осумдесеттите во Југославија.Првиот самостоен настап го имала на фестивалот „Студентско лето“ во Маглај во 1974 година, каде што ја освоила „Гран при“.
На површината на југословенската поп-рок сцена излегла во 1977 година со песната „Ау, ау“ и истата година го имала првиот голем настап на Концертот кај Хајдучка чешма, каде настапувала пред Бијело Дугме.

Милошевиќ почна да ги крши табуата кога ја објави песнатас наречена „Секси дама“, која беше забранета да се емитува на бројни радио и телевизиски програми.

Во 1979 година ја промовираше песната „Амстердам“, а во 1981 година настапи на изборот за југословенски претставник на Евровизија во Белград и го освои осмото место со композицијата „Рецепт за љубов“.

Во 1984 година со Дадо Топиќ ја снимија баладата „Принцеза“, која беше преведена и на англиски, а во 1989 година замина во САД, каде извесно време свиреше со групата „Baby Sister“.

Извесно време била брокер на акции, а работела и во маркетинг агенции. Таа се вратила во Белград во 1995 година.

Фото: Instagram/a.sladjanamilosevic

To top