Култниот гевгелиски рок бенд „Зијан” од Гевгелија ќе одржи концерт на 7 ноември во Младински културен центар (МКЦ), прв во Скопје по 30 години пауза. „Зијан“ последен пат настапил во МКЦ во раните 1990-ти.
Со концертот, бендот ќе прослави 42 години постоење и ќе свири во оригиналниот состав.
„Со гордост ви најавуваме незаборавен концерт на легендарниот бенд Зијан, кој последен пат настапи во МКЦ во раните 90-ти, пред цели 30 години.
Ова е ексклузивен настан кој ја слави нивната 42-годишна кариера и неверојатната енергија на оригиналниот состав кој и денес со иста страст ги изведува своите хитови.
Од победата на „Гитаријада“ во Зајечар до настапите со бендови како „ЕКВ“, „Партибрејкерс“, „Електрични оргазам“, Зијан останува важен дел од музичката историја на Македонија и регионот.
Датум: 7-ми ноември (четврток), МКЦ – Денсинг сала.
Билети може да се купат онлајн на bileti.mkc.mk и на билетарата на МКЦ.
Ова е ретка можност да се види и слушне цел оригинален состав во живо, затоа не ја пропуштајте оваа историска вечер“ – се вели во најавата на МКЦ!