Радио Милева Елка до плафон

„Здраво Декември!“ – Вака изгледа новогодишниот амбиент во домот на Сара Мејс и Димитар (видео)

„Здраво Декември!“ – Вака изгледа новогодишниот амбиент во домот на  Сара Мејс и Димитар  (видео)

Димитар и Сара Мејс се доста зафатени,  што со децата, што  со кариерата. Меѓутоа, бројните обврски не се пречка за уредување на домот и доловување на новогодишниот амбиент.

Како ја накитиле елката овој пат покажа Сара која од нивниот топол дом во Пинтија му кажа добредојде на декември, месецот на многу славење, подароци и желби.

 

Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“ таа ги сними украсите за кои се одлучиле оваа година, а таму се најдоа и уникатните персонализирани лампиони со имињата на синот и ќерката.

А откако ги покажа и декорациите надвор од елката, следбениците можеа да забележат дека доста се потрудиле.

Во еден момент Сара во  кадар  го улови и Димитар  кој пак мезеше позади шанкот по успешно завршената работа…

На Новогодишната елка која е речиси  од подот до плафонот, преовладуваат црвените и златните украси како и сијаличките.

Се на се беше украсено како во бајка, па дефинитивно Илина и Кирил биле неизмерно задоволни.

 

Досега  можевме  да ѕирнеме во новогодишните декорации  кај Анета Љумаковска и Тамара Тодевска, а  кој друг од  познатите личности ќе го покаже домот во новогодишна атмосфера,  на почетокот од месец декември,  останува да видиме.

 

фото: printscreen/ instgaram/sarahmace__

To top