Радио Милева скромен

Здравко Чолиќ постигна успеси стекна и богатство, но ова е цената на еден од неговите часовници (фото) 

Здравко Чолиќ постигна успеси стекна и богатство, но ова е цената на еден од неговите часовници (фото) 

Најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“ е еден од најбогатите пејачи на Балканот.

Имено, Чола важи за најголемата ѕвезда на Балканот, а според податоците од 2021 година неговото богатство се проценувало на 25 милиони евра.

„Чола е Србинот Том Џонс. Објавил 15 албуми и важи за еден од најскапите пејачи на Балканот. Го наполни стадионот „Маракана“, па „Ушче“, а во 2019 година постави апсолутен рекорд со 6 концерти по ред во белградска Арена, каде го слушаа 110.000 луѓе“, беше напишано тогаш на оваа веб-страница пренесува „Курир“.

Здравко Чолиќ секогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист. Популарниот пејач секогаш ја чуваше приватноста за себе, а никогаш не ја истакнуваше заработката што му ја донесе успешната кариера, па затоа важи за една од најскромните јавни личности.

Така, пејачот на раката носи часовник вреден „само“ 2.000 евра. Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sat na Ruci (@sat_na_ruci)

фото:printskrin/instagram

To top