Овој пат, Првасевда на сцената ќе се искачи во исклучително елитно музичко друштво. За првпат во Скопје ќе настапат двајца врвни уметници од Турција – фретлес гитарскиот мајстор Џенк Ердоган, еден од најпочитуваните виртуози на инструментот во светски рамки, и мултиинструменталистот и перкусионист Ахмет Алан, познат по својата префинета техника и сценска харизма. Во музичката приказна ќе внесат свој печат и македонските уметници Андреа Мирчевска и Тони Арслан, чија креативност ќе ја надополни кадифената атмосфера на вечерта.

„Со огромна чест ви најавувам дека ова предновогодишно патување нема да го чекорам сама. Со моите драги соработници и гости ќе создадеме концерт поинаков од сè досега – кадифено топол, длабок и исполнет со онаа тивка магија што само музиката знае да ја донесе“, изјави пејачката.
Влезниците за концертот се веќе достапни преку продажната мрежа на drugastrana.mk, а интересот, според организаторите, расте од ден во ден. Публиката ја очекува вечер која ветува автентично, емотивно и уникатно музичко доживување на самиот праг на празничната сезона.







