Мегафон тажна вест

Замина уште една македонска музичка легенда: Почина Тоше Поп Симонов

Замина уште една македонска музичка легенда: Почина Тоше Поп Симонов

Замина уште една македонска музичка легенда… Почина Тоше Поп Симонов (1962 – 2025), еден од најголемите македонски автори, аранжери и продуценти во популарната музика. Врвен гитарист кој суверенио ги владееше сите стилови и музички жанрови, за потоа да прерасне во еден од најсодржајните автори и пред се врвни музички продуценти со кој соработувале најголемите имииња во историјата на македонската популарна музика.

Како музичар ќе стане познат во пошироката јавност во дaлечната 1980 година кога ќе ја оформи џез-рок/симфо групата „Пост скриптум“ во која покрај него на гитара ќе членуваат врвни музичари како Кирил Џајковски на клавијатури или Љупчо Трајковски Фис на бас.

По неа Тоше е основоположник и на  групите  „Урбан“  и „Раскољников“ кои подоцна ќе се преименуваат во „Асторија“ со која го издава и албумот „Чин први“ за ПГП РТС. Тоа е и послаедниот бенд во кој Тоше Поп Симонов ќе членува, за потоа комплетно да и се посвети на авторско, аранжерската и особено продуцентска работа во неговото музичко студио „Аудиолаб“.

Со текот на годините ќе прерасне во еден од најпонатите, најквалитетните и најбарани продуценти не само во Македонија, туку и пошироко трасирајќи им го патот подоцна на новите генерации како Мите Димоски, Александар Митевски, Валентино Скендеровски, Дарко Димитров, Роберт Билбилов, Јован Јованов… и останатите мајстори на музичката продукција кај нас, чиј  претходник и своевиден предводник беше Тоше Поп Симонов.

За својата триесет и кусур годишна авторско – продуцентска работа ќе остави опус на музички дела на кој можат да му позавидат и многу светски продуценти. Во меѓувреме се појавува како комплетен автор кој ги лансираше во Македонија првите музичко -тинајџерски ѕвезди на почетокот на 90-ите како што се Ена Веко или „Студени нозе“ кои беа комплетно негово дело. Од идеја, музика, аранжмани, текстови, продукција…

Ја потпишува продукцијата на некои од песните и комплетните албуми мноштво најзначајните имиња од македонската забавна, поп, рок, на и фолк естрада…

Од „Меморија“, „Архангел“, „Асторија“, Владо Јаневски, Тоше Проески, Мизар, Куку Леле, Верица Пандиловска,  Јаков Дренковски, Ристо Бомбата, Дарио, Кристина Арнаудова, Трајче Манев, Драган Вучиќ, Александар Митевски, Дуле и Коки, Џокси, музиката на „Анастасија“ за „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, музчките сонгови на „К15“, фолк групите „Алпина“ и „Македонски мерак“, Елена Георгиева, Атина Апостолова, Билјан Стојаноски, песни за „Макфест“… и уште за мноштво други изведувачи, меѓу кои и некои од надвор како Алка Вујица или „Фрајле“, на пример.

Од продуцентската работа ќе напрви долга пауза најпрвин посветувајќи му се на бизнисот со продажбата на музички инструменти во продавницата „Гитар шоп“, а последните години ќе реши  да се занимава со други работи кои кои немаат никакви допирни точки со музиката.

Фото: Архива/Фејсбук/Македонска рок енциклопедија

To top