Почина Стјепан Стипица Калоѓера, еден од најзначајните хрватски композитори, аранжери, диригенти и продуценти. Имаше 90 години. Хрватското друштво на композитори известува дека тој починал пред неколку дена.
Стипица Калоѓера уште од мали нозе покажал исклучителен талент за музика. Во Загреб најпрвин почнал да свири на виолина, а подоцна и на труба и пијано. Во 1962 година дипломирал на Медицинскиот факултет. И покрај оваа титула, тој се посвети на музиката.
Направил околу 70 забавни песни, меѓу кои се издвојуваат: Вино и гитаре, Ти си моја обала, Добро вече, драга, Свирај ми гитаро, Маргарита, Цесарица, Веруј ми, Кровови, Ти коју не познајем, После кише доѓе сунце, Ти ќеш увек бити моја, Адресе младости моје, Шта је било тога више нема, Поноќно сунце, Твојих пола сата… За време на неговата богата кариера, тој компонираше и аранжираше повеќе од 4.000 дела за различни музички ансамбли.
Во 1994 година ја освои наградата Порин за најдобар аранжман благодарение на песните Мој галебе, Скалинада и Цесарица. Истата година заедно со Арсен Дедиќ го освои Порин за најдобар продуцент за албумот Тихи обрт, а во 1998 година го освои и Порин за најдобар продуцент со Арсен Дедиќ за албумот Министерство. Во 2010 година му беше доделена наградата за животно дело Порин.