Откако пред неколку месеци за јавноста ја обзнани својата љубовна вска со музичарот Рубин Размо, фолк пејачката Анета Љумаковска веќе извесен период ужива да покажува дека на љубовно поле и цветаат ружи.
Дека по разводот во љубовна е исполнета и го нашла оној вистинскиот за себе, познатата битолчанка во секоја прилика милува од своите објави на социјалните мрежи да покажува дека со саканиот Рубин е секаде и секогаш.

За да имаат како љубовен, така и професионален спој, Анета реши да формира нов бенд со кој ќе настапува, а во истиот ќе биде Рубин, но и некои од членовите на група „Молика“.
Ането и Рубин ја користат скоја прилика за создавање заеднички фотки, а во фокус тие – вљубените гулапчиња, па профилите на социјалните мрежи на пејачката наликуваат на љубовен фото споменар.

Арно ама, сега од последната заедничка објава, еден детаљ, навидум менува многу нешта.
Прстен, налик на оние свршеничките блеска на раката на Анета, а истиот и не може да остане незабележан.

Како одлично и логично надополнување таа ја постави и песната од Бојан Делиќ насловена „Заедно до крај“, а во истата се пее:
„Моја љубов мој најубав сон, роден сум тебе душата да ти ја дадам. Најдрага моја убавино, заедно до крај“.

Вака или онака, случајно или наменски, кога нешто е убаво и се базира на чиста емоција, тогаш истото очекувано и нормално е да премине на ново ниво.

Ако навистина е така, ред е да се честита, ако не, веруваме дека љубовта е толку силна што наскоро нема да биде далеку од вистината!
фото: Instagram printscreen/anetaljumakovska2701






