Фолк пејачката Татјана Стефановска пееше во Домот на културата „Григор Прличев“ во Охрид. На сцената и се придружи ќеркичката Ана која целосно ја „стопи“ публиката.
Ана се опуштила на сцената заедно со мама и воопшто не била срамежлива, па успеала да ги насмее сите кога се појавила додека Татијана пеела.

Фолкерката нема пракса да споделува приватни фотографии и видеа од семејството, а тоа го прави само кога има значајни моменти во нивниот живот. Овој пат сакаше да го сподели овој сладок момент со сите, па сподели и пред следбениците на социјалните мрежи каде што е активна и напиша:
– Заеднички настап, денес !- Таа додаде во описот и две смајлиња кои се смеат како и еден емотикон кој означува срам и неверување , но се разбира го стави на шега.
Ќеркичката на фолк пејачката Татијана Стефановска летово ќе слави пет години. Малата Ана е преслатко девојче кое на свет дојде како прва принова на пејачката.
Пред да се породи Татијана не се огласи пред јавноста воопшто дека ќе има принова во нејзиното семејство.

Таа е во брак веќе 15 години , со музичарот Митко Бежановски со кого се запознале пред да одат заедно на турнеја во Америка.
Foto: print screen/Instagram/tatijana_stefanovska






