Александра Пријовиќ седна на тронот на балканската музичка сцена и моментално е најбараната пејачка во регионот каде што се вжештува летната сезона.
Младата музичка ѕвезда годинава двапати ќе пее во најголемиот клуб на црногорското приморје, а од тие настапи, кои ќе работат на одреден процент од продадените влезници, ќе заработи 160 илјади евра.
View this post on Instagram
– Во моментов никој не може да и се доближи на Прија по популарност во Црна Гора. Сите ја бркаат, но таа реши да има минимален број настапи оваа сезона за да се одмори малку од актуелната концертна турнеја, но и да ги наполни батериите за продолжението на турнејата што ја очекува во текот на летото и есента. – вели изворот, додавајќи:
View this post on Instagram
– Иако лесно можеше да го наполни најголемиот клуб во Будва пет вечери по ред, таму ќе пее двапати – еднаш во јули и еднаш во август. Исто како минатото лето. Прија во тој клуб ќе работи на процент од продадените влезници, а бидејќи цената на билетот годинава е 30 евра, внатре можат да се сместат околу 4.500 луѓе, а само од продажба за една ноќ пеење ќе се заработат 135.000 евра. Од тоа таа ќе добие речиси 80.000, а останатото ќе оди на трошоци, како што е изнајмување дополнителен звук и ефекти – рече соговорникот на Курир.рс
фото:Instagram printscreen/ aleksandraprijovic