Радио Милева за тешките денови

Водителката Сања Маринковиќ откри непознати детали: „Досега трипати се резведов од истиот човек“

Водителката Сања Маринковиќ откри непознати детали: „Досега трипати се резведов од истиот човек“

Сања Маринковиќ ги откри деталите од разводот со Александар Ухрин кои претходно не ги сподели со јавноста.

– Со мојот поранешен сопруг имавме три разводи. Првото и најболното беше дома за нас двајца и нашето најблиско семејство, второто кога се соочи нашиот син Страхиња и последното – за медиумите. Првото ми беше најтешко, бидејќи кога се мажев сонував дека ќе биде до крајот на животот, затоа се омажив дури во триесеттите – рекла Сања и открила зошто го криеле разводот од наследникот.

– Страхиња долго време не знаеше дека сме разведени бидејќи се плашев како ќе прифати. Од друга страна, не сакав од медиумите да дознае дека неговите родители се разведени, целта ми беше се да договорам дома, па дури потоа да му ја објаснам ситуацијата. Во моментот кога ми рече: „Мамо, тоа е само развод“, сфатив дека е време јавноста да дознае. Со години се занимавам со животи на познати личности и со теми кои ги интересираат жените, би било нечесно од моја страна да кријам нешто такво – изјави Сања за „Информер“.

Инаку, Александар Ухрин, поранешен сопруг на Сања Маринковиќ, е уредник и режисер. По разводот се договориле за заедничко старателство над синот.

фото:Instagram printscreen/sanjamarinkovicofficial

To top