Пејачот Милан Митровиќ се појави денес на третиот ден од снимањето на популарната емисија „Ѕвездите на Гранд“. Тој пристигна расположен и насмеан, а пред собраните медиуми откри како течат снимањата и дали работните денови се напорни.
Милан не криеше дека ужива во работата со колегите, истакнувајќи дека добрата атмосфера прави времето брзо да поминува.

„Не е напорно, кога имаш добри луѓе покрај себе, ништо не е напорно. Нам ни е убаво внатре, денес е дури и малку потопло. Не знам дали се жалеле колегите“, рече тој.
Милан потоа откри и во каква здравствена состојба е неговата колешка Ана Севиќ, која ниту овој пат не се појави на снимањето. Како што објасни, Ана сè уште не се опоравила, поради што тој го презел нејзиното место на главната сцена.

„Анчи ни е болна, баш заглави, дали е вирус или некоја вирусна инфекција. Некако јас успевам тоа да го издржам, но дека ми недостига – ми недостига. Не е тешко, не копаме ние внатре, не е ова рудник. Копаме само емоции“, порача Милан.
фото:Instagram printscreen/anasevicofficial





