Радио Милева реакција

Скандал во градинка во Тител која ја посетува најмалиот син на Вељко: Вонемирениот татко веднаш се огласи јавно за проблемот

Скандал во градинка во Тител која ја посетува најмалиот син на Вељко: Вонемирениот татко веднаш се огласи јавно за проблемот

Вељко Ражнатовиќ утринава се огласи на социјалните мрежи видно вознемирен по непријатното искуство кое го доживеа со синот Исаија во градинката во Тител, а веднаш го поддржа и неговата мајка, Цеца Ражнатовиќ.

Тој на Инстаграм сподели што точно се случило, не криејќи го својот бес поради глетката која ја затекнала неговата сопруга кога дошла да го земе детенцето.

Имено, Вељко откри дека неговата сопруга го затекнала малиот Исаија облечен во костим на бубамара, што особено го разбеснило. Како што наведе тој, во градинката се правдале со тоа дека костимите им се достапни на сите деца и дека секој може да облече она што сака, меѓутоа, тој смета дека таквата ситуација е крајно непримерна.

Ражнатовиќ јасно стави до знаење дека воопшто не му се допаѓа што неговиот син е облечен во костим кој, според негово мислење, не е наменет за момчиња, па своето незадоволство јавно го искажа преку Инстаграм. По неговото обраќање, веднаш се огласи и неговата мајка,  Цеца Ражнатовиќ.

Пејачката на своето Инстаграм стори ја сподели објавата на Вељко, но и фотографијата од здолништето кое малиот Исаија го добил во градинката, со што покажа дека ја испратила целата ситуација и реакцијата на својот син, давајќи му јавна поддршка.

По повод целиот настан се огласија и од самата градинка, а пораката на директорката на оваа установа, Јованка Андриќ, ја пренесуваме во целост:

„Драги колеги, ајде ситуацијата со костимот на бубамара да ја согледаме од перспектива на детето. Момчето од две години кое избрало да облече здолниште не направило ништо необично ниту загрижувачко. За него тоа било само дел од костимот, интересно парче облека и дел од играта, без значења и поделби кои ние возрасните често ѝ ги припишуваме на облеката. Важно е ситуацијата да ја набљудуваме низ очите на детето, а не низ сопствените очекувања. На оваа возраст децата спонтано истражуваат, испробуваат и избираат, а врз основа на таквите избори не треба да се носат заклучоци за нивниот идентитет. Нашата задача е да им овозможиме слободна игра и истражување, без осуда и создавање чувство дека направиле нешто погрешно“, пишува во пораката која е проследена до Вељко Ражнатовиќ и до вработените во градинката „Плави чуперак“.

фото:instagram printscreen/cecaraznatovic

To top