Миа Костова има брзо темпо на живот, секојдневно излегува, патува и се забавува, а сега со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм каде што е активна покажа нешто со што ги загрижи следбениците.
Имено, Миа откри дека фатила грип и тоа токму пред тргнување на долго патување. Па затоа и разочарувањето било поголемо, бидејќи во никој случај не е сеедно.
– Сега сум јас на ред… со аеродроми и авиони 15 часа ноќва. Господ на помош“ – додаде на фотографијата и остави тажен емотикон.
Македонската инфлуенсерка на мрежата сними и кратко видео на кое им се заблагодари на оние што и напишаа по некој совет за полесно да помине, а на оние кои и напишаа дека две недели ќе гори од температура им сугерираше да не брзаат со заклучоци.
Имено во овој период на настинки и грип, таа подоцна сподели фотографија од станот каде што живее, додека лежи прикачена на инфузија, на која завршила со причина.
– Во секоја минута сѐ полошо , мислам дека останавме дома – обелодени Миа.
Со оваа објава таа потврди дека сепак донела тешка одлука да остане дома на рехабилитација, наместо на патување на егзотична дестинација.
Но, се разбира, ништо не е загубено, патувања ќе има уште многу, а како и секогаш здравјето е најважно од сè.
фото: printscreen/instgaram