Радио Милева Грозда Грозната

Во дворот на Сара Мејс и Димитар од еден реквизит крв ќе ти заледи: Се плашат и децата, а и возрасните (фото)

Во дворот на Сара Мејс и Димитар од еден реквизит крв ќе ти заледи: Се плашат и децата, а и возрасните (фото)

Нашата пејачка и харфистка Сара Костадиновска попозната како Сара Мејс и водителот и маркетинг менаџер Димитар Атанасовски се една од оние познати брачни двојки, кои имаат прилично складен брак.

Иако обајцата се јавни личности кои се медиумски експонирани, приватноста воопшто не ја кријат, па дури на сметка на истата си го креваат и личниот и семејниот рејтинг со своите досетливи шеги, постапки, изјави, коментари…

Понекогаш онака, само заради чиста забава. И своја и на јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Сара и Димитар редовно се активни на социјалните мрежи и едни од ретките јавни личности кои од јавноста не кријат како им тече секојдневието, па дури и за она што ретко која позната личност би го објавила на социјални мрежи.

Додуша, некогаш едниот од нив знае да се налути што е покажан јавно, ама никогаш не си остануваат должни еден на друг.

Нивните Инстаграм приказни често се богато наполнети како филмска екранизација со интересни случки со драмски заплет и расплет. А покрај видеото кое што говори и само за себе, задолжително има и дополнение со текст со кој на фановите она што се случувало, ќе им биде доловено во целост.

 

Овој пат, главен лик беше Грозда Грозната, голема ајкула на надувување која ја добиlе од кумот, а добила и уникатно име, па иако ги плаши децата, а во ноќта можеби и некој сосед или гостин, Грозда мроа да се испочитува во лето и да стои покрај базенот бидејќи е подарок од кумот.

Иако не е нова големата гумена ајкула е така страшна и реална во изгледот, што не се нашол некој да ја дупне, дури ни семејната мачка која би требало да биде стрвна на вака големо „рипче“.

Си имала век Грозда, а Димитар, Сара, Илинче и Кирил ќе си ја чуваат и трпат – со поглед секако.

фото: instagram printscreen/ sarahmace__

To top