Радио Милева загрозена

Вики Миљковиќ бара извинување од македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ чиј ментор беше таа или да плати отштета од 200 илјади евра за навреда по нејзиниот професионален интегритет

Вики Миљковиќ бара извинување од македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ чиј ментор беше таа или да плати отштета од 200 илјади евра за навреда по нејзиниот професионален интегритет

Некогашниот натпреварувач од Македонија во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков, ја обвини својата менторка Вики Миљковиќ дека му барала мито од 20 илјади евра за да продолжи во натпреварот, а ваквата негова изјава се прошири низ регионот, па стигна и до Миљковиќ.

Таа преку соопштение објавено на Инстаграм од Темелков побара јавно извинување, а наедно прати и опомена пред тужба и ако не и се извинат и не бидат повлечени клеветите изречени против неа, ќе биде принудена да бара 200.000 евра отштета од Темелков.

-Во врска со невистините и целосно неосновани обвинувања изнесени од еден од поранешните кандидати за „Ѕвезде Гранда“, сметам за моја должност да се обратам до јавноста и да го искажам мојот став.

Имено, гореспоменатиот кандидат јавно изнесе тврдења дека наводно сум му побарал мито, што е апсолутна лага и злонамерна клевета. Ваквите обвинувања не само што се невистинити, туку длабоко го навредуваат мојот професионален интегритет, чест и сè што сум изградил низ годините во мојата кариера.

Нема да дозволам никој да го користи моето име и презиме за да привлече внимание кон себе преку лаги и манипулации. Мојот углед, и професионален и личен, е нешто што го градам со децении и нема да дозволам никој да го оцрни заради евтин публицитет.

Доколку гореспоменатиот кандидат јавно не се извини за изнесените невистини, ќе бидам принудена да барам правда на суд. Не од одмазда, туку од потреба да се заштитам себеси, мојот углед и сите луѓе што стојат зад мојата работа. Ова е и повик до сите да бидеме одговорни за она што го кажуваме, особено кога станува збор за сериозни обвинувања што можат да го загрозат нечиј живот, кариера и достоинство.

Со почит,
Виолета Вики Миљковиќ.

На Темелков не му требаше многу време за да делува и прати реакција преку Инстаграм, особено до Вики Миљковиќ и тоа дека се извинува за тоа што бил погрешно разбран во неговата изјава дадена во  „Ти реков ми рече“, кај Давид Давидовски.

„Погрешно сум разбран во една моја констатација во едно мое интервју, и заради тоа се извинувам на сите кои што погрешно го разбраа овој случај. Никогаш не сум употребил погрдни зборови ни кон Вики Миљковиќ ни кон Гранд продукција, заради тоа што бев долго време дел од „Ѕвездите на Гранд“.

За потсетување, велешанецот ја обвини продукцијата дека му барале мито за да помине во следниот круг. Како што откри тој во емисијата, наводно продукцијата преку своите ментори брале пари, а конкретно во неговиот случај побарале 20,000 евра.

„Неправдата ја доживеав во ‘Ѕвездите на Гранд’. Морав тоа да го кажам бидејќи во минатото мое гостување во една емисија кажав од околу што се случи во петтиот круг во „Ѕвездите на Гранд“ кога решив самоволно да ја напуштам сцената. Еве сега ќе го кажам тоа, значи причината за моето напуштање беше тоа што некултурно и воопшто невкусно ме извадија без ниту еден глас, а пред тоа ми побараа 20.000 евра ако сакам да продолжам понатаму. Индиректно тоа менторите го бараат, фактички тоа најверојатно го бара продукцијата. Јас реков, тоа што Господ ми го дал, Господ може и да ми го земе, без разлика дали јас ќе продолжам понатаму во натпреварот. Мене пред се тоа ми беше многу, фактички потценувачки, јас да платам за да продолжам понатаму“, потенцираше тогаш младиот пејач од Велес.

Инаку, Александар неколку сезони се натпреваруваше во популарното шоу, а ќе остане запаметен по неговото демонстративно напуштање, што го направи во оној момент кога сфати дека жири комисијата неправедно го остави без гласови.

фото:Instagram printscreen/viki_miljkovic/ You tube printscreen/ david Davidovski/Zvezde Granda

To top