Животот е полн со убави и неубави моменти, полн со изненадувања кои ни се допаѓаат или не, сепак се случуваат додека старееме.
Што значи да си постар за една година? – се запраша и македонска актерка и ТВ водителка Весна Петрушевска токму на денот кога во март годинава (2024) го славеше нејзиниот последен роденден.
Или можеби не славеше? Но, затоа полна со емоции на фотографиите кои ги сподели каде е речиси расплакана, срочи една подолга порака на Инстаграм која сите ги состави длабоко замислени, мошне зачудени, без зборови.
Иако физички далеку од неа, бидејќи студира во САД, Бејби не може да ги скрие љубовта и емоциите кон своето дете за неговиот 21-ви роденден, кое сега веќе порасна во големо момче.
Покрај тоа што „телепатски“ му испрати бакнежи и прегратки, на својот син Кирил му испрати и роденденска порака преку социјалните мрежи, во вид на монолог полн мајчински емоции во исчекување на нивната средба. Во него меѓу останатото таа го опиша своето чувството на радост, гордост и среќа, но во исто време и тага и емотивна празнина што не е во тој момент покрај неа.
И таа и тој ги бројат часовите до нивната повторна средба после две години од последната, зашто синот Кирил во моментов е несомнено најважниот човек во животот на Весна Бејби. Можеби токму и затоа солзите и го прекинаа монологот… Но, емоциите и неизмерната мајчинска љубов, тоа единствено чувство и покрај тоа што актерката не му е биолошка мајка, никој не може да го прекине. Зашто… една е мајка, нели?
Погледнете и слушнете како македонската актерка го опиша она што го чувствува на денот кога нејзиното дете наполни 21 година, а во описот на видеото додаде: „Те сакам највеќе на свет. Среќен 21“…
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/vesnapetrushevska