Ване Маркоски важи за еден од најпрепознатливите телевизиски и радио водители во земјава, а досега бил дел од многу проекти и телевизии, но веќе неколку години работи во Националниот сервис како дел од утринската програма, но и македонското радио.
Ване е мошне активен и на социјалните мрежи каде има голем број фанови со кои го споделува поголемиот дел од неговото секојдневие.

Тој е познат како голем љубител на природата,здравата исхрана, фитнесот и здравиот начин на живот, но особено е голем љубител на животните.

Сега за најважната жена во неговиот живот – неговата мајка, Ване реши да направи исклучок во работата посветувајќи и време на мама за да и упати јавна роденденска честитка пред камерите додека беше работа.
-Работам 20 години на телевизија и никогаш не сум го направил ова. Сакам да и честитам роденден на мојата мајка, знам дека ова ќе ја израдува и ќе ја направи среќна, кажа Ване честитајќи и на мајка си роденден.
Веруваме дека мама Драгица го гледаше својот син, па оваа посвета беше најубатата роденденцка честитка што ја доби.
Емотивно и искрено, силно за да изнуди солзи во очите!
фото:Instagram printscreen/ vanemarkoski_






