Српската естрадна менаџерка Сандра го кажа судбоносното „да“ на својот избраник на Кипар. Гостите на свадбата ги однеле на луксузна дестинација, а меѓу нив имало и бројни естрадни ѕвезди.
Пејачката Теодора Џехверовиќ со години соработува со Сандра и се долгогодишни пријатели, а сега таа го фати бидермаер на нејзината свадба.
Невестата го фрлила бидермаерот, и тој паднал во рацете на Теодора, а ако им се верува на обичаите, таа ќе биде следната невеста.
Откако Џехверовиќ е во врска со кошаркарот Ребек, многумина коментираат дека не е исклучено и пејачката наскоро да стапне на лудиот камен.
Меѓу гостите беа и Ема Радујко, Махрина, МС Стојан и многу други, а Ема на својот Инстаграм сподели повеќе кадри од свадбата и покажа каква е атмосферата.
фото: instagram printscreen/ bojanazivanovic_/ teodooraadzehverovic