Радио Милева елегантна и секси

Црвен фустан на црвен килим: Милена Антовска со својот стас и моден избор ги собра погледите во Битола на „Браќа Манаки“ (фото)

Црвен фустан на црвен килим: Милена Антовска со својот стас и моден избор ги собра погледите во Битола на „Браќа Манаки“ (фото)

45-тото издание на меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ секоја година во поново време е место каде е распослан црвен килим каде повеќето инволвирани во филмската уметност, но и останати ликови од јавната сцена чекорат по истиот.

Црвените килими не се така честа пракса кај нас, па оттука за повеќето кои не се дел од јавниот живот ова е настан кој е предизвик да се биде виден.

Стокмени од глава до петици, особено припадничките на понежниот пол, бираат да парадираат пред присутните и објективите во најдоброто од свечени парчиња од својот плакар, да се биде претставителен и маркантен, секако по свое видување.

Меѓу гостите кои дојдоа во Битола и се дотераа за отворањето на „Браќа Манаки“ беше и водителката Милена Антовска – Станковска која со своето храбро и префинето дамско елегантно издание ги собра погледите.

За Милена црвено е совршен избор за на црвен килим, овој пат тесен фустан со пресеци кај струкот и висок шлиц, а особено впечатлив детаљ во форма на јаже кој ги поврзува горниот и долниот дел.

Милена обожава да покажува секојдневно кој е нејзиниот модел избор, а овој пат за оваа свеченост собра голем број комплименти како за витката линија, така и за стилскиот избор.

фото: Instagram printscreen/ milena_antovska

To top