Во последното „Цеца шоу“, сите гости беа Македонци, па Цеца рече дека целата емисија ја посветува на Македонија. На сцената се појавија момчето Богдан Обрадовиќ, Иван Милевски, Мики Секуловски, Никола Станишиќ и нашата музичка ѕвезда Каролина Гочева.
View this post on Instagram
Каролина Гочева останува неверојатно популарна и денес, често блеска на јавни настани со своите импресивни вокални способности. Сепак, приватниот живот на убавата пејачка отсекогаш ја интригирал јавноста – сите сакаат да знаат каде е, што прави во секојдневието.

Во шоуто на Цеца, многумина ја пофалија Каролина дека изгледа фантастично во својата петта деценија. Таа се појави во црн, тесен фустан – едноставна, без претерана шминка или голотија, чиста елеганција.

Емисијата ќе се емитува деновиве на телевизија „Блиц“, а фотографиите и кратките видеа веќе откриваат како македонската ѕвезда се истакна во ова издание.
Foto: print screen/Instagram/blictelevizija






