Иако моментот кога ќе му кажете „да“ на партнерот може да изгледа како почеток на среќен живот, вистината е дека бракот не е секогаш лесен. Во моменти кога се соочувате со проблеми, многу луѓе ќе ви понудат совет како да ги поправите работите.
Сепак, некои од овие совети, иако се добронамерни, можат да бидат штетни. Еве три совети кои никогаш не треба да ги слушате доколку сакате долготраен и среќен брак.
„Секој заеднички момент мора да биде посебен“
Советите дека секој момент со вашиот партнер мора да биде исполнет со нешто спектакуларно како вечери со свеќи или викенди, може да создаде непотребен притисок. Иако посебните моменти можат навистина да бидат важни, секојдневните активности исто така имаат своја вредност. Заедничкото чистење на домот, шетањето со вашето домашно милениче или едноставно разговорот може да биде исто толку скапоцено како луксузните патувања. Заборавете на перфекционизмот и уживајте во едноставните работи што ве зближуваат.
„Во ред е ако нема секс“
Иако повремените периоди без секс не мора да значат дека има проблеми во бракот, продолжениот недостаток на интимност може да биде знак за подлабоки несогласувања. Сексот е важен дел од секој брачен живот, бидејќи ги поврзува партнерите на емоционално и физичко ниво. Ако вашиот сексуален живот речиси и да не постои, ова е моментот кога е важно отворено да разговарате со вашиот сопружник и да ја разјасните причината за проблемот. Игнорирањето на овие проблеми може да доведе до емоционално дистанцирање и дополнителни несогласувања.
„Родителството ќе ги реши сите проблеми“
Ова е еден од најчестите совети што ги добиваат паровите кога минуваат низ лош период во нивната врска. Многумина веруваат дека доаѓањето на детето може да ги подобри односите и да ги реши брачните проблеми. Но, тоа е заблуда. Детето може да донесе среќа, но создава и дополнителен стрес и одговорности кои можат да ги влошат веќе постоечките несогласувања. Ако не поработите на вашата врска пред да станете родители, проблемите сè уште ќе постојат, па дури и може да се соочите со нови предизвици. Прво, фокусирајте се на вашата врска, па дури потоа размислете за проширување на семејството.
Бракот бара континуирана работа и комуникација. Советите што ги добиваме од другите можеби не се секогаш корисни и може да нѐ одведат во погрешна насока. Најважно е да бидете искрени еден со друг и да работите на врската, наместо да се потпирате на совети кои можеби нема да ги решат вистинските проблеми.
фото: Freepik