Живот и стил

Торта со јагоди: Мирис на лето во секој залак

Торта со јагоди: Мирис на лето во секој залак

Комбинацијата од меко тесто, сочни јагоди и нежна павлака го прави совршен десерт за топлите денови.

Состојки:

Тесто:

200 гр путер
100 гр шеќер
1 јајце
350 грама брашно
1 прашок за пециво
50 мл вода

Фил:

600 гр јагоди
400 гр павлака
3 јајца
100 гр шеќер
2 лажици густин

Подготовка:

Замесете мазно тесто од сите состојки. Распоредете го со раце на калапот (со дијаметар од 24 см) и подигнете го по рабовите речиси до врвот. Измијте ги јагодите, исечете ги на половина и наредете ги врз тестото. Изматете ги јајцата, шеќерот, павлаката и смесата, а потоа прелијте ги јагодите. Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 60 минути. Оставете ја тортата целосно да се олади на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер.

извор: курир
фото:Freepik

To top