Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 км/ч), прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 км/ч) и услови за појава на град.

В понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во вторник и в среда времето ќе биде претежно сончево и релативно топло. В четврток повторно за очекуваат врнежи, вели прогнозата на УХМР.

извор: нетпрес
фото:фреепик/ухмр







