Помина речиси една година откако познатата струмичанка Љупка Митрова по вторпат го кажа судбоносното „да“, и со својот сакан Георги си ветија вечна љубов.
Оттогаш, преку социјалните мрежи редовно сме сведоци на нивната брачна љубовна хармонија зачинета со многу страст и адреналински наплив од многу патувања низ светот.

Токму пред тргнување на едно такво патување до Италија, Љупка не можеше да замине посреќна.
Имено, семејството Митрови се прошири за два члена, а Љупка стана тетка на две внучиња близначиња од нејзиниот брат.
Момче и девојче, кои ги добија имињата Горан, по дедо и Ѓоргина, зашто се родија токму на празникот Ѓурѓовден.

А среќната тетка ги виде бенињата откако се врати од Милано, па по серијата фотографии кои редовно ги поставува по секое патување, овој пат следеше нешто најубаво – фотки од бебињата.
Ќука исполенета со бебешки мирис од кој Љупка се присети на времето кога стана мајка, па веројатно како да посака тоа да и се случи уште еднаш.

Држејќи ги во раце бебенцата, таа преку Инстаграм прашалникот во фотографијата, ја начна темата дека можеби посакува да се оствари како мајка по третпат, па ќерките Елена и Сандра да бидат големите дадички.
„Да, супер би било“ или „Не, никако“, ќе покаже времето, па можеби следно летенце, ќе има ново детенце?!
фото:Instagram printscreen/ljupka_mitrova





