Еден од нашите најомилени и најпочитувани актери Сашко Коцев деновиве ги загрижи своите фанови и следбеници на социјалните мрежи.
Сашко на своите стендапи, а и на неодамна одржаната „Златна бубамара“ повеќе простор за коментар и причина да ја насмее пбубликата, му беа докторите, фармацевтите, вирусите.
Сурова реалност со која кога- тогаш се соочуваме сите, па и тој.
Неодамна, односно на 5-ти март поради болест на актер се откажа претставата „Не се клади на Енглези“ во МНТ, а сега неколку дена подоцна на Фејсбук кај Сашко повторно темата беше здраствена состојба. Овој пат појасно дека е неговата, арно ама простор за паника, извинување и откажување закажани настапи пред публика нема.
Чарето за болно грло си го најде во едни пастили кои ги изрекламира како инфлуенсер, веројатно со ниет да помогне и на некој друг со ист проблем, но со акцет на тоа дека промени во поглед на работните ангажмани нема да има.
-Со ова, нема откажување претстава! – јасен е Коцев кој доби тон пораки „со помин да е“, а секако се редеа и пораките со препораките за што друго да си земе во прилог на она што веќе го има.
Сашко дете машко лесно не се дава, а за тоа колку е искусен со многу тоа околу лекари, вируси, фармацевти, рекла- казала муабети, потсетете се и секако насмејте се до неговото последно излагање од „Златна бубамара“.
Епа, нека е со помин!
фото: You tube printscreen/Radio Bubamara/Facebook/ Sasko Kocev