Победникот на Икс- Фактор и наш поранешен евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски, живее убави и исполнети семејни денови, особено откако стана татко по вторпат и го доби синот Стефан.
Наследникот Кајмакоски веќе е потпораснато бебенце кое пред еден месец наполни една година. Тато Даниел е апсолутно предан на својот син и секој момент по работа го користи за да го гради односот татко- син и да создава спомени кои ќе траат засекогаш.
Па така, уште откако се роди Стефан, Даниел е отворен да споделува моменти со јавноста, како и овојпат. Сега пејачот го покажа синчето кое милува да се шета и гушка со тато, а тој пак се топи од најубавата прегратка на светот.
За потсетување, Даниел и Марина се венчаа во месец јануари 2023 година, а невестата беше во блажена состојба, но за тоа дека ќе станат родители обзнанија непосредно пред породувањето.
Ова е второ синче на пејачот, а од првиот брак со моделот, мисица и пејачка Кристина Димитриевска го има седумгодишниот Давид.
фото:Instagram printscreen/ daniel_kajmakoski