Радио Милева настап

„Тоа е мојот новогодишен подарок“: Јелена Карлеуша на новогодишната ноќ ќе пее бесплатно и ќе донира милионски износ за градот Крагуевац (фото)

„Тоа е мојот новогодишен подарок“: Јелена Карлеуша на новогодишната ноќ ќе пее бесплатно и ќе донира милионски износ за градот Крагуевац (фото)

Jелена Карлеуша најави дека на 31 декември ќе пее на плоштадот во Крагуевац.

Како што истакнува, добила покана од туристичка организација и со големо нетрпение го очекува настапот кој ќе биде потполно бесплатен.

Иако голем дел од нејзините колеги земаат сто илјади евра за настап на новогодишната ноќ, Јелена решила добро да се однесува со крагуевачани.

Освен што ќе им пее бесплатно, Јелена ќе донира и милионска сума пари за градот Крагуевац.

– Ми се јави туристичката организација затоа што никогаш не сум пеела на плоштадот во Крагуевац. Кога ја објавија како информација, Крагуевац се воодушеви и не можеше да поверува дека доаѓа Јелена Карлеуша. Имам многу обожаватели таму, на крајот на краиштата, ќе се види на 31 декември – ја започна приказната Јелена и додаде …

– Не само што ќе пеам бесплатно, туку одлучив од парите што чесно ги заработувам од пеењето и да донирам во градот Крагуевац, само поради Нова година, покрај пакетчињата за децата, ќе донирам и една голема парична донација, еден милион – објасни Јелена Карлеуша и побара мала помош од крагуевачани.

– Сакам граѓаните на Крагуевац да ми дадат предлог кому да оди мојот новогодишен подарок, на кого да му ги разубавам празниците со тие пари, кои сама ги заработив? – изјави Јелена Карлеуша.

фото: printscreen/instgaram/karleusastar

To top