По подолга пауза Каролина Гочева ја објави нејзината нова песна наменета за регионалниот пазар.
„Мог живота део“ е насловот на песната за која е снимен и спот.
„„Мог живота део“ беше љубов на прво слушање.Снимена пред повеќе од една година, спотот нешто брзо после тоа… би била среќна доколку оваа песна ве допре и вас на истиот начин на кој ме допре и мене“, напиша Каролина во објавата.
Музиката и текстот се на Дино Мухаремовиќ, кој беше автор и на нејзиниот последен сингл „Дај на сунце”, додека аранжманот е на Дино Шукало, сараевски студиски музичар и долгогодишен соработник на Каролина.
Песната е снимена во Сараево во студиото на Шукало, додека спотот е дело на Миомир Милиќ.
фото:Facebook / Karolina Goceva/You Tube printscreen