Секој работен ден гледачите на телевизија Сител имаат прилика веќе десет сезони наназад да го гледаат едно од најпопуларните кулинарски шоуа кај нас, „Брза кујна“.
Кандидати за учество што сакаат да готват заедно со шефовите Никола и Бобан, постојано има , па дури и такви кои сакаат уште еднаш да бидат дел и да ги покажат своите вештини пред камери.
Низ „Брза кујна“ поминале многу гости како асистенти, се презентирале стотици рецепти од страна на шефовите, ама во истото се случувале и мнопштво работи пред и зад камерите.
Овој пат, низ многуте муабети, шеф Никола откри дека екипата на „Брза кујна“ одамна се кани да оди на бајачка, па госпоѓата која му асистираше, веројатно поупатена кажа дека најурочена и изгледа Сања.
За да се преиспитаат нештата, водителката стави прст на чело, па отвори јавна анкета за тоа кој е најурочен, таа, шеф Никола или шеф Боби?
Првото место процентуално убедливо го држеше таа, а по неа Никола и најмалку за баење од уроци излезе дека е Боби.
Кои беа одликите на водителката што укажуваа дека и треба ваква помош или едноставно си ја носи енергијата, ќе дознаеме повеќе од новата епизода.
Што ли ја мачи Сања, допрва ќе се гата. На рака, на жарчиња, непосредна средба со бајачката… тоа најчесто останува зад четири ѕида, а за она пред камерите, ќе можеме да видиме сите.
фото:Instagram printscreen/sanja_saveska/ Facebook/ BБрза кујна