Мегафон Рок историја во живо

Тихомир Поп Асановиќ слави 60 години кариера со концерт во Скопје

Тихомир Поп Асановиќ слави 60 години кариера со концерт во Скопје

Еден од најзначајните музички настани годинава е  јубилејниот концерт по повод 60 години музичка кариера на Тихомир Поп Асановиќ, кој ќе се одржи на 10 март (вторник) во концертната сала на Македонска филхармонија, со почеток во 20:00 часот.

По шест децении исполнети со визија, иновација и бескомпромисна музичка автентичност, Тихомир Поп Асановиќ се враќа таму каде што сè започна – Скопје, градот што ја роди неговата кариера и го вгради во темелите на балканската рок сцена. Хамонд мајстор, рок визионер и основач на култните бендови TIME и SEPTEMBAR, Поп Асановиќ е име кое со децении претставува синоним за музичка храброст, софистициран звук и влијание што ги надминува жанровските и генерациските граници.

Јубилејниот концерт ќе донесе вистински празник на сцената, со импресивна листа на гости кои сами по себе се легенди: Влатко СтефановскиРамбо АмадеусАмир ГвиртцманЈани МодерЈован МаљоковиќДраги ЈелиќКарин ЗемљиќЈан Стефановски, како и специјални изненадувања кои дополнително ќе ја збогатат оваа уникатна вечер.

Ова нема да биде само концерт, туку музичко патување низ историјата, ретка можност да се доживее живо звукот што го обликуваше рокот на овие простори – автентично, моќно и емотивно.

Влезниците се во продажба преку mktickets.mk и karti.com.mk.

To top