Радио Милева уметничка метаморфоза...

Тие се, само малку поинаку изгледаат: Овие познати македонски јавни личности добро ви се познати, но, дали вакви ќе ги препознаете? (ФОТО)

Тие се, само малку поинаку изгледаат: Овие познати македонски јавни личности добро ви се познати, но, дали вакви ќе ги препознаете? (ФОТО)

Познатиите и популарни лица од јавниот живот, естрадата, телевизијата… Нема кој уште на прва не ги препознава. Штом ги видите на ТВ, социјалните мрежи, на сцена или некаде на улица, веднаш ви е јасно дека тоа е ТАА или ТОЈ… Не можете никако да ги промашите и да не ги познаете. Зашто нивниот лик е препознатлив, впечатлив, познат и добро врежан во вашата меморија… Некои од нив, кои веќе не се меѓу нас ги носиме во нашите сеќавања штом видиме  нивна фотографија или реприза на некоја ТВ емисија, филм, серија, музички спот,  концерт или слушнеме нивна песна… За други пак ни се чини дека ги познаваме откако знаеме за себе, отсекогаш, а некои нови деца ги препознаваме однеодамна… Но, како и да е, штом некого од познатите видиме, веднаш знаеме кој е!

Сепак, дали тоа секогаш така? Дали можете познатите да ги препознаете ако се најдат на некоја постара фотографија или видео на кое поинаку изгледаат. Ние ви направивме избор од некои познати македонски личности, чии фотографии се сликани во детството или раната младост, па обидете се да одгатнете кој е на нив и дали од прва ќе успеете да ги познаете?

1.Таа е една од најпознатите македонската поп пејачки, во нејзината рана фаза, кога со нејзиното тогашно момче ги правеше првите чекори на успехот…

Подоцна стана поп-дива, денес позната не само во Македонија туку и во целиот регион.

2. Таа е една од најпознатите македонски фолк пејачки, за која слободно може да се каже дека сега е веќе и доајен на македонската новсоздадена народна песна.

Освојувач на бројни награди на сите фолк фестивали, дама која има испеано дузина познати фолк хитови. Се’ уште активна и со ТВ појавувања, фестивалски настапи, разни прослави и манифестации…

3. Тој е исто така пејач, но оперски… Меѓународно истакнат македонски баритон. Моќен, волуминозен драмски глас. Исклучителна сценска појавност, која му овозможува ефектно доловување на најсуптилните ефекти во улогите. Во 2005 година ја добива и титулата „Амбасадор на мирот на УНЕСКО“. Во 2008 година овој наш истакнат оперски уметник се појавува како водач на акцијата за пошумување наречена „Ден на дрвото“.

4. Беше наш познат и истакнат музички уметник, одличен виолинист, музичар и музички педагог кој за жал рано и ненадејно замина и од времето на Корона пандемијата повеќе не е меѓу нас.

Потекнува од едно од најмузичките семејства во Македонија, чиј татко е хармоникашка и музичка легенда, а во музиката се и неговата сестра, синот, внукот… На овие фотографии е како дете во нижото музичко училиште во Скопје.

5. Таа е позната македонска пејачка и академски музичар, а ја знаете и како ТВ водителка, автор на книги… Мултимедијална личност, битолчанка која долги години живее и работи во Скопје. Самохрана мајка, сега веќе и млада баба, која пред се препознатлива по својата блага душа и хуман карактер.

6. Тој е доајен на македонското глумиште. Има одиграно стотици театарски претстави, својот лик го трансформирал не само во драмски, туку и во многу познати телевисиски и филмски улоги. Потекнува од таканаречената „златна генерација“ која с„жареше и палеше“ во театарот, особено со својот хумор, но и сериозните улоги. Денес актерски пензионер, кој одвреме-навреме , кога тоа ќе затреба, се’ уште знае да биде активен.

Ова е само еден мал дел, една капка слава во огромниот океан од разнолико културно, уметничко и естрадно богатство што го имала и има Македонија.

Конечно, еве ви една групна  фотографија од  од средината на 90-ите, од плејада тогашни, а и сегашни познати и популарни македонски лица. Направена е во Драмскоиот театар во Скопје, за потребите на новогодишниот календар на некогаш мошне популарната естрадна ТВ ревија „Екран“!

Ваше е да се обидете да ги препознаете, а ние ви ги даваме одговорите на оние кои претходно ви ги предочивме: (1) Калиопи; (2) Благица Павловска; (3) Борис Трајанов; (4) Зоран Џорлев;  (5) Сузана Турунџиева; (6) Благоја Чоревски.

Фото:  Facebook/Ретро ризница – Македонски медиуми

 

To top