Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ пристигна на Ташмајдан на концерт на најголемата грчка музичка ѕвезда Никос Вертис, а нејзиниот стајлинг го привлече вниманието на присутните.
Александра Пријовиќ за оваа прилика избрала блескав комплет, здолниште кое се прилепуваше за нејзиното тело и ја истакна витката линија, додека носеше топ кој го откриваше рамниот стомак, а овој стајлинг го заокружи со скап накит.
Со Александра дошол и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ, а со нив бил и неговиот полубрат.
Инаку, Никос пред концертот откри дека Лепа Брена го угостила и не криел колку е воодушевен од неа.
– Среќен сум што по втор пат сум во Белград, ми се допаѓа овој град. Немам никакви ритуали, само се прекрстувам кога излегувам на сцена. Белград ме потсетува на Солун. Ја запознав Брена, ги сакам нејзините песни. Вчера ме угости Брена. Разбрав зошто публиката ја сака, таа не само што е добра пејачка, туку е и многу умна – изјави Никос.
фото: print Screen/Instagram