Радио Милева еуфорија и неверување

Тензична завршница од српскиот избор за претставник на Евровизија: Ова е Принц од Врање и неговата победничка песна „Мила“ (видео)

Тензична завршница од српскиот избор за претставник на Евровизија: Ова е Принц од Врање и неговата победничка песна „Мила“ (видео)

Стефан Здравковиќ, попознат по псевдонимот, Принц од Врање, ќе ја претставува Србија на Евровизија во Базел со песната „Мила“.

Ова момче во самиот финиш победи на националниот избор за песна на Евровизија, освојувајќи 8 поени од публиката и 10 од жирито. Веднаш по објавувањето на победата, принцот од Врање откри како изгледало натпреварот од негова перспектива.

– Не сум свесен дека победив. Се чувствувам фантастично. Не можам да верувам дека ова се случува. Работам на ова со години. До самиот крај не мислев дека ова е можно. Во еден момент помислив дека ќе доживеам срцев удар,изјави победникот.

Инаку, за време на неговиот настап на полуфиналната вечер, Принц доживеа несреќа кога врз него падна реквизит.

Месечината падна врз него кога се откачи кабелот, на самиот почеток на настапот, па овој немил настан беше доста тензичко пренесен кај соседите.

Еве ја песната со која Србија ќе се претстави на Евровизија.

фото:You Tube printscreen/RTS Pesma Evrovizije – Zvanični kanal

To top