Радио Милева европска турнеја

Тејлор Свифт конечно се огласи: Поп ѕвездата проговори за откажаните концерти во Австрија (фото)

Тејлор Свифт конечно се огласи: Поп ѕвездата проговори за откажаните концерти во Австрија (фото)

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт вели дека е „обземена од страв“, откако властите открија план за напад при нејзин концерт во Виена, Австрија, како и од вина по разочарувањето на обожавателите поради откажување на трите настапи во градот.

„Откажувањето на концертите во Виена ми го кине срцето, а причината за откажувањето ме исполни со ново чувство на страв и вина, бидејќи толку многу луѓе планираа да дојдат на концертите“, напиша пејачката на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

Тејлор се огласи  сега на својот Инстаграм профил и објасни зошто толку долго не се навраќала на откажаните концерти. Таа додаде дека нејзин приоритет е безбедно да ја заврши европската турнеја.

Австриската полиција уапси 19-годишен маж, за кого соопштија дека признал намери да предизвика  крвопролевање на концертите на пејачката.

фото: printscreen/instagram/taylorswift

To top